„Левичарите“ се закануваат со „долги деветки“

„Војна тешко, но ова тло плаче за крвава револуција. Народот против власта, криминалот, транзициски тајкуни, европски п...и и невладини морони. Додека не се натопи земјата со нивна крв ние не мрдаме од слепа точка. Овака за правда само ќе сонувате“, гласи заканувачката порака на Твитер од извесен „Капетански дневник“.

Веројатно за ваквата заканувачка порака е инспириран од (индиректната) порака за војна на Јована Мојсоска од Левица која на Твитер објави цитат од „Диво месо“ дека „доста беше и ваков мир“. Пораката на Мојсоска ја споделил и Капетански Дневник, а истиот ден (на 14 април) посакал „да се натопи земјата со крв“ со неговите (политички) неистомисленици.

Симпатизерот на Левица, очигледно буквално ја сфатил пораката на лидерот Димитар Апасиев кој ветил дека „сите ќе ги стрела“.

„Сарачини сака да лапа кешарица и да ми кажува што да мислам, што да пишувам и што да да сметам за „фејк њуз“. Сите ќе лапате долга деветка, живеам за тој ден“, се заканува Капетански Дневник.

Овој анонимен партиски бот е обична кукавица кој е силен само на тастатура и се крие зад лажен идентитет. Неговата (партиска) задача е да ги охрабрува и подбуцнува граѓаните на насилство. Затоа, бараме институциите, особено МВР час поскоро да го најде „јунакот“ кој сака да создава немири во државата.

Д. М.