Машинеријата за лажни вести пуштена на најјако, пред парламетарните избори што треба да се одржат на 12 април. Лажната вест и дезинформација дека на личните карти ќе има само Албанци, а Македонци не, започна прво на Твитер, преку анонимен профил, а потоа „твитот“ се пренесе на вебпорталот „Република“ со наслов – „Албанец ќе има во Личните карти, а Македонец не“.
Во самиот наслов никаде не стои дека таа порака е пренесена од Твитер, и се добива впечаток дека се работи за вистинска вест.
И на претходните избори граѓаните се залажуваа (заплашуваа) дека ќе се воведат двојазични пари, двојазични униформи на полицијата и армијата…
Според истражувањата граѓаните најчесто се информираат или дезинформираат бидејќи читаат само наслови.
Д. М.