Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот. Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење.
Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста.
Претходно МВР за ЦИВИЛ Медиа, потврди дека е лажна е најавата за протестите против пресудите во случајот „Монструм“ кој беше најавен за денеска во 13:30 часот.
Извесен Блерим Ахмеди кој е дел од групата на организаторите на овие протести, најавил протест против пресудите во случајот „Монструм“, но најавата, сепак, била лажна или е последица од некоординираност. Во јавноста излезе и Бедри Ајдари, организатор на претходните протести, кој негираше дека се организирани протести за денеска. Ајдари изјавил дека протестите се планирани за 2 април.
Протестите се одржуваат заради незадоволство од пресудите на доживотна затворска казна на обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута за петкратното убиство што на 12 април 2012 година кај Смилковско езеро, Скопје.