Бетон како постела!

Во градскиот трговски центар „Гарнизон“ во Куманово, граѓанската новинарка Ерјона Сулејмани забележала момче кое во раните утрински часови спиело врз бетонот,  на одмаралиштето на скалите, покриено со старо ќебе и други стари и неупотребливи ткаенини најдени во контејнер.

„Нежно го разбудив и сакав да го дознаам негово име и како би можеле да му помогнеме, но не успеав, детето исплашено се оддалечи од местото на спиење - бетонската плоча. Ваква слика на овој локалитет се забележува речиси секој втор ден“, изјави граѓанската новинарка.

155cf14a

Граѓанската новинарка се обратила во Центарот за социјални работи во Куманово - дали имаат сознанија колку деца незгрижени спијат на улица. Оттаму ѝодговориле дека немаат сознанија и водат евиденција само за децата-питачи, кои во бројни случаи, сепак, имаат место за живеење. За официјално да се дознае за колку деца се работи, потребно е да се испрати писмено барање до Центарот, со образложение за потребата од таа информација.

Според сознанијата на граѓанската новинарка, никој не се заинтересирал да го реши проблемот, ниту пак да понуди можно решение за овие деца да не поминат уште една зима на улица.


civiv-lenses-logo-en-lf-200x166Проект: „Граѓански објектив

.

 

 

 

 

This post is also available in: Albanian