Експлицитен говор на омраза кон Ромите од Зоран Христовски кој е организатор на протестот за поддршка на полицајците од СВР Битола кои се суспендирани, и кои добија кривичните пријави и дисциплински постапки, за бруталното тепање на Роми.
„Племето ѓупско успеа со снимки сечени да извојува победа врз цела полиција. Дојде ден кога полицискиот живот не вреди ни пет пари, помалку од посебната салама која му се дели пред избори на чергарите. Се срамам од полициските началници, директори и министри кои ја понижија СВР Битола на најниско можно ниво со поднесување кривични пријави на полицајците. СВР Битола која даде најмногу жртви и херои во 2001 година во одбраната на уставот, законите и територијата на оваа земја, изгуби од ѓупско вавилонските орди. После ова кој ќе стигни ќе удира врз полицијата, не сте свесни како министер и началници и господа од внатрешната контрола каква штета нанесовте не само на МВР туку и на Битола и нејзините граѓани кои се многу години заложници на безредието кое го прават ѓупско чергарското племиња. Нема попуштање, борбата продолжува, време е за масовен протест да се организира за поддршка на нашите другари од Полицијата“, пишува Христовски.
Христовски освен што користи говор на омраза кон Ромите, тој се заканува и дека ќе се најде тој што ја објави снимката и нема глава да крене од казни. Исто така користи и говор на омраза кон порталите кои ја објавија снимката.
„Ѓупското племе вавилонско ханајско не мирува, сака одмазда, од влакно онај педерот со видеото направи фортома, исто и та коконата шо офка до него. Се надевам дека идентитетот на снимачот од пред Канди ќе се најди, бидејќи сите околни објекти имаат камери безбедносни, е тогаш синко мајчин цело СВР кај шо ќе те начека та тебе та на твои само делкање казни за навек, гла да не крениш сорта предавничка. За тоа како се фрлени како чопор против мене а и кон сите кои ја оправдуваме полицијата ова ѓупско племе чергарско е друга работа за која порталите треба в г** е***е и газдите нивни“, пишува Христовски.
На коментарот на Димитар Даскаловски кој се жали дека „во овие моменти тешко е да си полицаец кога на јавноста не може да и докажеш што било и како било“, Христовски му реплицира дека ќе ги брани полицајците дури иако во минатото му пишале некоја казна, само затоа што според него “Гупците се диво племе, и само зимаат од државата, а ништо не даваат и дека Македонците станале граѓани од трет ред во оваа држава“.
Коментарот на Христовски дека „ѓупците се диво племе“ му се допадна на (според коментарите) полицаецот Даскаловски кој има должност да ги штити сите граѓан(к)и од насилство и говор на омраза, без разлика на нивната етничка, верска или друга припадност!
На закажаниот протест на Фејсбук за поддршка на полицајците досега над 600 граѓани потврдија дека ќе одат на протестот, а над 1.000 дека се заинтересирани да присуствуваат на протестот. Дали сите што ќе потврдија дека ќе одат или присуствуваат на протестот за поддршка на полицајците се согласуваат со ставот на организаторот дека Ромите се „Ѓупци и диво племе кои заслужуваат ќотек и да се прегазат со багер“?!
ЦИВИЛ Центар за слобода го осудува говорот на омраза и повиците за насилство на социјалните мрежи и го повикува Јавното обвинителство и МВР веднаш да го санкционират.
Дехран Муратов