Конкурсот за пријавување на заинтересираните краткорочни и долгорочни набљудувачи на ЦИВИЛ за претстојните претседателски избори завршува денеска (6 март) во 17 часот.
Сите заинтересирани треба да пополнат апликација, а посебна комисија ќе ја изврши финалната селекција.
Меѓу најважните правила за учество на конкурсот се и дека не може да се биде набљудувач за две организации истовремено, а партиски активисти немаат право на учество.
ЦИВИЛ Тим за комуникации