Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, го започна своето обраќање Фиљана Кока, новинар во МТВ 1 и заменик претседател на ЗНМ на панел дискусијата на ЦИВИЛ Мултикултурализам и европски вредности во медиумите“.
Ќе ми дозволите воведно да почнам со еден цитат од ценетиот филозоф Мухиќ дека „улогата на културните разлики е од витално значење за процесот на општествената интеграција, од чие успешно спроведување, пак, зависи стабилноста, па дури и опстанокот на една држава. Во зависност од начинот на кој ќе бидат артикулирани и третирани од страна на државата, културните разлики можат да станат фактор на интеграција, или пак, да прераснат во фактор на дезинтеграција.“ во оваа смисла медиумите вклучително новата информатичко и комуникациска технологија овозможуваат брзо и едноставно поврзување на луѓето. А тоа несомнено води кон тоа медиумите да играат мошне значајна улога во интеркултурниот дијалог на сите полиња во секое општество, без разлика дали се работи за милтикултурно, бикултурно или национално. И тие треба да ги користат расположливите електронските ресурси за унапредување на дијалогот помеѓу различните култури во мултикултурното општество. Но дали е така кај нас?
За да дојдам до суштината сакам да презентирам неколку примери низ кои би виделе дали и колку во медиумите бил застапен говорот на омраза како број еден ,според мене, ризик фактор за мултикултурализмот во земјава. Освен во членовите 10 и 11 од кодексот на новинарите, одговорноста на медиумите е јасно дефинирана и во неколку препораки како што е препораката р-97/21 на комитетот на министри. Пред да прејдам на конкретни примери за предизвиците со кои се соочуваат медиумите ќе се навратам на податокот за бројот на преставки за кои СЕММ оценил дека бил прекршен кодексот на новинарите по основ на говор на омраза. А зошто говорот на омраза ќе пообјаснам подолу.. Податокот говори дека минатата година , 2020 та има 6 одлуки во кои е детектирано говор на омраза, односно прекршување на член 10 од кодексот на новинарите. А годинава, пак, до сега има 1 одлука каде што е детектирано говор на омраза. Тоа квантитативно можеби и не е некој показател но содржински заради говорот на омраза е особено битно. На пример претставката која се однесува на интернет – порталот „екран.мк“ со текстот насловен „(видео) кого испраќаме на песна на евровизија: Македонец или Бугарин? Васил Гарванлиева јавно призна дека има и бугарски пасош!“
Пример број два да речеме: комисијата нашла дека во текстот на интернет порталот „off.net.mk“, објавен на 24 декември 2019 е прекршен членот 10 од кодексот на новинарите, чија отстапка, особено е нагласена во следните реченици од текстот:
„Кале , Mht, а сега и најново видео од центарот на Скопје на кое се тепаат млади луѓе за кои се претпоставува дека напаѓачите се дел од навивачката група шверцери“.
„Kомити направија компилација со која сакаат да укажат дека нивните ривали никогаш не одговараат“.
„низата на инциденти ги ставија на филмско платно како асоцијација на дивеењето на шверцери во театарот mht, а потсетија и на случувањата на кале каде камерите жив го фатија заменик министерот за внатрешни како ослободува навивачи на Слога, меѓу кои и Артан груби“.
Ова се само неколку од многуте објавени текстови во кои наместо во служба на етничката разноликост, националниот диверзитет, од новинарското перо токму тој се атакува. За жал се помалку се , би рекла недостигаат, дури се ретки сториите, прилозите, анализите или какви и да се новинарски жанрови кои обработуваат теми за мултикултурализмот. Напротив сеуште се присутни текстови кои придонесуваат за се поголема раздвоеност и се вистински ризик за соживотот и мултикултурализмот во земјата. Да тргнам од јавниот сервис каде работам од 1989 година.
Во јавниот сервис постојат редакции на јазиците на заедниците , освен на албанската, турската , српска, ромска, бошњачка и влашка. Ако проследите настан кој е покриен од сите заедници а се работи за инволвираност на припадници на различни заедниците често ќе се забележи дека секој го покрива настанот од аспект на интерес на заедницата на која и припаѓа заобиколувајќи ги основните стандарди и норми на професијата кои пред се произлегуваат од кодексот на новинарите. И тоа е најчесто кога се работи за меѓуетнички инциденти. Тоа не е толку можеби еклатантно во јавниот сервис како што е очигледно во медиумите, националните ТВ, на пример, Сител, канал 5 наспроти Алсат, Шења итн. Уште позагрижувачко е што тоа се прави суптилно, на некој начин филувано да речам, еве на пример за протестите за случајот монструм, за убиството на Саздо , за убиството на малиот Алмир од Куманово, итн. Ајде овој последниот да го анализираме. Во медиумите на албански јазик се пишуваше дека возачот го убил Алмир, односно го прегазил со умисла, одејќи директно со возилото на него и неговата мајка , што можеше да се види од видеото, од друга страна медиумите кои информираат на македонски јазик се држеа до подоцна изменетото обвинение дека возачот на возилото кој претходно имал расправија со таткото на Алмир го прегазил момчето бегајќи од нападите на неговиот татко и роднините. Итн..
Сметам дека оваа тема треба постојано да се актуелизира меѓу новинарите, преку обуки, преку заеднички работилници, и други форми и формати, бидејќи ваквата поделеност трае уште од осамостојувањето па до ден денешен. Тоа е постојан предизвик за професијата, тоа е постојана рак рана на целокупното општество и за жал се провлекува низ сите овие 30 години добивајќи различни форми. Наспроти, континуираноста главно на биполарноста, пред се некогаш со поголем интензитет некогаш незначително, промовирањето на мултикултурализмот се одвива во дисконтинуитет низ различни обиди, од, на пример едно “наше маало“ , редакција за мултикултурализам во јавниот сервис која постоеше околу две години, како посебна редакција, до денешни обиди за електронски медиуми со серијали или прилози , за жал, од време на време, за оваа заедничка тема. Да, има обиди преку панели како овој ,дебати а не знам меѓу верски и меѓуетнички дијалог итн, но проблем е што нема ,според мене конзистентност на определена форма, дали тоа ќе биде некоја редакција или цел медиум може да се дискутира, но битно е да ја има..
Од еден друг аспект, ако согледуваме по етничкиот состав медиумите како да ги пресликуваат по својот состав политичките партии па се строго поделени со кадар од иста етничка припадност, со мали исклучоци на јавниот сервис, Алсат –м итн. Факт е дека може на прсти да се избројат оние кои работат во медиум на јазикот на една етничка заедница, а и припаѓаат на друга. Јас лично во МТВ 1, меѓу првите ако не и прв новинар кој работи во редакција на јазикот на друга етничка заедница, Сунаи , Насер во вест претходно во Макфакс, чинам, многу одамна Мухамед Зеќири во Канал 5, неколкумина во А1 но за кратко, обратно колеги во Алсат м од македонска националност итн. Значи и доколку е случајот таков од свое искуство да говорам, тешко е на моменти можеби се доаѓа во искушение но новинарот , секогаш треба да се води само и само од кодексот, професионалните стандарди и етичките норми и да се издигне над себе си и својата припадност, тогаш се негово , останува зад јавниот интерес и јавното добро во чија служба треба да е поради својата огромна општествена одговорност. Е сега некој ќе рече кој е јавниот интерес за една или друга етничка заедница, но доколку се следи кодексот- членовите 10 во кој стои
10 .новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). И членот 11 кој вели
11.новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија
Доколку исклучиво професионално се покриваат настаните, или истражувачките стории откриваат криминални дејствија за било кого криминалот не познава нација нели.. Тогаш јавниот интерес , борбата против него, е повеќе од јасен за било која од заедниците.. Главно во оваа сфера медиумите се сеуште поделени на кампуси според етничката припадност, а со тоа на друга култура, ова не треба да значи дека треба да го намалува просторот за промоција и оживотворување на мултикултурализмот туку напротив да креира поинаков приод за ваква промоција…но дали е така?
Што се однесува до промоцијата на европските вредности, јас ќе го фрагментирам приодот, во смисла европски вредности од професијата кон јавноста и европските вредности во-за професијата. Првиот, аспектот од професијата кон вредностите тука сме поединствени , нема ТВ, радио, портал, весник нема медиум во кој не се промовираат евроинтеграциите, владеење на правото, слободата на изразување итн. Екологијата- особено загадувањето и правата на ЛГБТ заедницата теми кои до вчера беа табу се повеќе се отвораат и секако најчести се вестите за евроинтегративните процеси на пример и тоа високо во првите минути на информативните едиции. Макар што има мали исклучоци, би рекла незначителни кои од одредени центри оркестрирано навиваат за тоа дека не мора да сме дел од ЕУ. За вториот, аспектот на европските вредности во корист на новинарската професија до некаде е солидно воведувањето, примената на новите технологии, особено смарт телефони, он лајн извештаи, камери и друга опрема која го подобрува новинарскиот производот, еве да ги земеме пример видео снимките од настаните кога од галеријата на собранието беа исфрлени новинарите, или на 27 април , иако можеби во судска постапка не може да се користат сепак тоа за органите на прогонот е доволно за постоење индиции да се покрене обвинение и да се бара одговорност итн.
Но некако како да тапкаме во место или многу малку одиме напред во однос на европските стандарди за новинарската професија како што се новинарските плати, условите за работа, правата од работни односи , социјалната сигурност и безбедноста итн. Ако од ова се одземат јавниот сервис и МИА во речиси сите други медиуми не се докрај решени овие суштински прашања кои во европската унија се уредени по далеку повисоки стандарди каде не смее да се помисли како на пример за пријавување новинари на пола работно време, не исплаќање на празнични дневници, спречување користење одмори според ЗРО и други непочитувања на правата од работни односи и професионално итн.. . И овде пред да заокружам иако темата е богата и неисцрпна ..сакам само да нафрлам поента две, дека
Во современите мултикултурни општества слободата на изразување во определени ситуации може да биде и злоупотребена, а тоа се случува кога истата преминува во појава која е целосна спротивност од неа, односно кога слободата на изразување лесно преминува во говор на омраза. Што, пак, подразбира изразување на омраза спрема некоја определена група од поинаква расна, етничка, религиска или друга припадност. Здружението на новинарите на Македонија досега има одржано повеќе состаноци со сите надлежни институции, вклучувајќи ги тука: основното јавно обвинителство, министерството за внатрешни работи, како и со претставници на судовите на р. Македонија со цел да започне да се казнува говорот на омраза во медиумите. Исто така, знм има доставено писмени барања до ОЈО за да започне процедура за кривично гонење за јавно искажан говор на омраза, меѓутоа до сега резултатот е за последните 1о години од 26 судови во земјава се изречени само 5 пресуди за јавно искажан говор на омраза, за жал пренесуван од медиумите во јавноста при што медиумите индиректно учествувале. И ова не е сеуште кривично дело, а од друга страна е погубно што институциите не го препознаваат говорот на омраза.
Земајќи во предвид дека во република Македонија, ЗНМ има документирано повеќе експлицитни пораки на говор на омраза искажани во телевизиски емисии, како и на социјалните мрежи, може да се заклучи дека институциите во земјата едноставно одбиваат да постапуваат за прекршување на овие два члена од кривичниот законик. И ова не враќа на почетокот дека единствениот патоказ во креирање на мултикултурализмот за еден медиум, за новинарите, генерално е почитување и само почитување на професионалните стандарди етичките норми- односно кодексот.
Ирена Крџиќ
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска