Како помина семинарот на ЦИВИЛ во Гостивар?

Преку оргомното искуство на тимот на ЦИВИЛ и инспиративните и динамични предавања на новинарот Арбен Зеќири и еко-активистот Арианит Џафери, идните граѓански новинарки и новинари на семинарот за транспарентни и одговорни политички процеси во Гостивар, имаа можност интерактивно, преку дијалог и практични вежби да се запознаат со основите на новинарството, граѓанското учество, граѓанскиот активизам, човековите права и слободи и граѓанското новинарство, пред сè, како начин за директно влијание на општенствени промени.

Синиша Станковиќ, семинар за граѓанско новинарство, Гостивар, 25 јануари 2020/Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив“, и претставува одлична можност за активно учество и придонес кон промовирање на човековите права и слободи, запознавање со вештините на мониторингот и новинарското известување, како и можност за воспоставување долгорочна соработка со ЦИВИЛ. Ова особено е важно во пресрет на предвремените парламентарни избори на 12 април, кои ЦИВИЛ ќе ги мониторира.

Арбен Зеќири, семинар за граѓанско новинарство, Гостивар, 25 јануари 2020/Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Учесниците на семинарот добија практични знаења на кој начин да учествуваат, да набљудуваат и известуваат за општествените и политичките настани и процеси, вклучувајќи ги и изборите. Овој сегменет беше особено важен преку кој можеа да научат како да потсетуваат и бараат од властите и функционерите  да ја исполнат нивната обврска да бидат транспарентни и одговорни.

Арианит Џафери, семинар за граѓанско новинарство, Гостивар, 25 јануари 2020/Фотографија Д. Муратов, ЦИВИЛ

Овој еднодневен регионален семинар претставува своевиден континуитет на семинарите што ЦИВИЛ ги организираше изминатите четири години, а се спроведе како дел од проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“ финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.

ЦИВИЛ Тим за комуникации