Според Описот на избирачки места за предвремените парламентарни избори 2020, во Поликлиниката „Тоде Мендол“ во Куманово се сместени две избирачки места, 1035 и 1036.
Иако Државната изобрна комисија ги проверуваше условите за гласање во избирачките места, дали се оспособени согласно мерките за заштита од корона вирусот и дали обезбедуваат услови за безбедно гласање и барање на други простории за овие две избирачки места, набљудувач на ЦИВИЛ од Куманово испрати фотографии што го докажуваат спротивното.
Фотографиите покажуваат скршени прозорци и запуштеност, односно не санирање на штетите настанати од 9 мај 2015 година, кога во Диво Насеље (каде што е сместена поликлиниката) се случи „малата војна“.
Просториите што се користат како избирачки места се пространи, но останува да се види колку се средени, дезифинцирани и приспособени за гласање.
ЦИВИЛ ќе ги мониторира изборите на 15 јули со 314 набљудувачи.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ
This post is also available in: Albanian