На полноќ истекува рокот за пријавуанње на кандидатите за претседателските избори. Како што најавија од СДСМ, денеска во 12 часот кандидатурата за Стево Пендаровски ќе ја поднесе генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб на партијата, Александар Кирацовски, во име на граѓаните.
Според информациите од ДИК, денеска ќе се одлучува и за кандидатурата на Блерим Река, поддржан од АЛијана за Албанците и БЕСА. ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ја поднесе кандидатурата на Гордана Сијалновска Давкова во 12:30 часот во ДИК.
Кампањата започнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот круг за 5 мај. На 25 март ќе се одредува со ждрепка редниот број на кандидатите.