Сте се нашле ли некогаш во ситуација да имате потреба од инвалидска количка додека сте во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“? Сте успеале ли да ја добиете?
Граѓанска новинарка, која сака да остане анонимна, до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа испрати фотографии од вработени во една од клиниките, на кои јасно се гледа како со помош на инвалидски колички го фрлаат медицинскиот отпад.
Сето ова можеби и би било во ред доколку истата граѓанска новинарка, триесетина минути пред да ги направи овие фотографии, била одбиена кога побарала да добие инвалидска количка за да може да пренесе пациент, од една на друга клиника во рамки на клиничкиот центар. Од вработените добила кус одговор, дека секоја клиника има свои колички кои не е дозволено да се носат во друга затоа што подоцна не се враќаат.
К. С.
This post is also available in: English