На Фејсбук се појави снимка во која се гледа приведување на лице во Штип со употреба на сила од службени лица.
Неофицијално дознаваме дека полицијата по пријава од граѓанин отишла на местото на настанот, но полицаецот бил исплукан во лице и нападнат од страна на затеченото лице, по што полициските службеници морале да употребат сила.
Според неофицијални извори човекот што го приведуваат на снимката бил проблематичен во тоа маало, особено кога е под дејство на алкохол. Најверојатно истиот ќе добие и пријава за напад врз службено лице.
Од друга страна, коментарот на видеото, од оној кој го објавил на социјалните мрежи е дека полицијата наместо да ги напаѓа, треба да ги брани од корона вирусот.