Институциите се глуви за стравот и маките на граѓаните

На неполни 15 минути од центарот на градот, во реонот Кисела Вода 2, со години земјата тивко се свлекува со секој нов пороен дожд. Земјиштето е во приватна сопственост, а на плацот се наоѓа куќа, која во моментов, е под директна опасност од ново свлекување. Нивото на улицата е дваесетина метри над куќата и единствениот приод е по скали. Нормално, дворот е каскаден, а сопствениците пред 30 години изградиле потпорни ѕидови. До 2013-та година, немало никаков проблем...

14011968_1132840300095498_466826409_n

Потоа, како што информираше граѓанскиот новинар кој одлучи да биде анонимен, асфалтот на улицата бил заменет со павер елементи и погаш почнала земјата да се свлекува. Сопствениците тоа го пријавиле во Општина, а добиле одговор дека проблемот настанал поради замената на асфалтот и немањето атмосферска канализација!

14011939_1132855820093946_788933875_n

Во писмениот одговор не стои кога ќе се реши проблемот. Оттогаш,никој не дошол да изврши увид на теренот, ниту некој се заинтересирал.

unnamed

Оваа пролет, со првиот посилен дожд, потпорниот ѕид кој е најблиску до куќата, се урнал. За среќа, доволно далеку, за да не предизвика материјална штета на куќата. Пријавено е во Дирекцијата за заштита и спасување и во Центарот за управување со кризи. Побаран е и прием кај градоначалничката, сето тоа - без резултат. Сопствениците сами го расчистиле теренот.

Одронетиот ѕид сега е заграден, за да не се случи уште поголема катастрофа, затоа што од другата страна, на меѓата со соседниот плац, надвиснува огромна карпа, под која секој пороен дожд ископува се поголема дупка. А во куќата живее мало дете.

Минатиот месец, кога се случи поплавата во Скопје, имало уште едно свлекување на земјата и сега веќе изгледа како да се образува канал. Во подножјето на дворот, моментално се свлечени околу 150 кубни метри земја и камења, а постојат најмалку три точки на опасност од ново свлекување.

unnamed (1)

Во околината многу често се случува водата да го „измие“ асфалтот, па од страна и оздола се гледа дека улицата е „шуплива“.  Една дупка моментално се санира на улицата „Мариовска“.


 

civiv-lenses-logo-en-lf-500x414-500x414Оваа содржина се објавува во рамките на септемврискиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ – Центар за слобода, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.