Инфoрмативен штанд на ЦИВИЛ за граѓанско новинарство

На денешниот инфо-штанд кај пролазот Палета, тимот на ЦИВИЛ-Центар за слобода со задоволство го презентираше проектот „Граѓански објектив“ на голем број заинтересирани граѓанки и граѓани , што покажаа интерес и за вклучување во обуките за граѓанско новинарство. Работилницата за граѓанско новинарство ќе се одржи на 19 јули  во Скопје.

Недовербата во медиумите и нивното селективно известување е проблем со што се соочуваат граѓанките и граѓаните. Граѓан(к)ите сметаат дека пред сè треба да се работи на враќање на довербата кај јавноста, и дека граѓанското  новинарство е одлична можност самите граѓанки и граѓани активно да придонесат за подобрување на медиумската слика на локално и национално ниво.

Сите заинтересирани граѓанки и граѓани на работилницата можат да се пријават преку електронската адреса  [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на работилницата или пак, преку пополнување на онлајн формулар.

За дополнителни информации можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.

За повеќе содржини поврзани со проектот и  активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.

Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.

 

This post is also available in: AlbanianEnglish