Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село, Босилово, Василево, Конче и Демир Капија. Сите заинтересирани можат да се пријават онлајн или на [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо.
Семинарот е дел од проектот „Граѓански објектив“ и е трет во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.
Основна цел на проектот „Граѓански објектив“ е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.
ЦИВИЛ ја објави публикацијата „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.
Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.