ЦИВИЛ - Центар за слобода утре на платото пред Универзитетот на ЈИЕ ќе организира јавен настан за промоција на граѓанското новинарство кое зема сè поголем замав во светот и во земјата. Настанот ќе започне во 19 часот на кој преку музика, разговор и видео-проекции ќе се презентира граѓанското новинарство како нов и иновативен начин во борбата за слобода на информирање и известување.
Тимот на ЦИВИЛ на јавниот настан ќе биде достапен за сите прашања на присутните, а воедно ќе можат да се запознаат со условите за учество во наградните циклуси за граѓанско новинарство, но и одблиску да се запознаат со активностите на ЦИВИЛ во проектот „Граѓански објектив“.
ЦИВИЛ ги поканува сите заинтересирани грѓанки и граѓани да земат активно учество во креирање на политичките и општествените промени на локално и централно ниво.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб-страницатa www.clp.mk.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.