Граѓанското новинарство ги поместува границите на традиционалните медиуми

„Во својата најосновна форма, граѓанското новинарство е кога обични луѓе го прават тоа што во принцип го прават професионалните новинари - пренесуваат информации“, е дефиницијата која експертот за новинарство, Тони Роџерс, ја користи за  да го претстави овој општествен феномен.Информацијата која граѓанскиот новинар ја пренесува може да е претставена во најразлични форми, од краток, обичен текст до објава за седница на градскиот Совет на приватен блог. Информацијата може да се состои од текст, слика, аудио или видео материјал. И се ова со една цел - да пренесе некоја информација.

Друга, карактеристика на граѓанското новинарство е дека најчесто може да се најде онлајн. Всушност, појавата на интернет блогови, видеа и други иновации поврзани со интернетот е она што го направи граѓанското новинарство можно.

13558866_993566620761807_830027997143334978_o

Интернетот им дава простор и можност на обичните луѓе да пренесуваат информации глобално. Таа моќ порано беше резервирана само за големите медиумски корпорации и новинарски агенции.

Постојат различни форми на граѓанско новинарство, но според Стив Оутинг  и според други експерти, може да се подели на две основни категории, делумно независно и целосно независно граѓанско новинарство.

Во првиот случај, станува збор за граѓански новинари кои со своите информации придонесуваат кон веќе постоечки професионални веб-странци. Независното граѓанско новинарство, од друга страна, ги претставува оние граѓански новинари кои се целосно ослободени од традиционалните, професионални медиуми.

13495410_989089897876146_3982973900507327309_o

Проектот „Граѓански објектив“ кој веќе единаесет месеци го спроведува ЦИВИЛ – Центар за слобода, има за цел да го промовира и развие концептот на граѓанско новинарство, како се уште е нов начин на информирање во Македонија.

Овој проект е комбинација на двата основни вида на граѓанско новинарство, односно, сите учесници во натпреварите Биди граѓански новинар, имаа можност со своите информации да ги надополнат вестите кои секојдневно ЦИВИЛ ги објавува, а кои сведочат за прекршување на човековите права и слободи, со посебен акцент на изборниот процес, но и преку своите фото и видео содржини, целосно независно да информираат за тоа што се случува во нивната средина.

ЦИВИЛ ги повикува сите оние кои се заинтересирани да бидат граѓански новинари, да ги научат потребните алатки за споделување на информацијата на глобално ниво, и со тоа да ги поместат границите на традиционалните медиуми, да се пријават за натреварот „Биди граѓански новинар“ и да бидат дел од обуката, која ќе се одржи на 15-ти август во хотелот „Сити Парк“, во Скопје.

13502863_989091164542686_8160868313020217064_o

Сите заинтересирани можат да се пријават до 12 август, на [email protected], едноставно, со мотивациско писмо до 420 знаци (колку три твита), точно име и презиме, телефонски број и линк до Фејсбук профилот на кандидат(к)ите. Бројот на учесници е ограничен.

Обуката за доделување награди за граѓанско новинарство се дел од проектот„Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.