Говор на омраза кон починатата пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ратка Димитрова, мајка на политичарот и досегашен шеф на дипломатијата Никола Димитров.
Фејсбук страницата „Бојкотирам“ објави дека почина Ратка Димитрова, мајката на Димитров, а под постот има неколку коментари со говор на омраза.
„Нек повлече нога и за нејзиниот „втор син“, коментира Мац Спасовски.
Сузана Македонска Ристова коментира: „Тешка и земја македонска… и немојте да ми зборите за вера, за овие гнаси предавнички бугарашки, прошка никогаш, па ни тогаш“!
Божидар Македонски Бојкоски пишува: „Аир да не видат цела фамилија! Сите до еден да испоцркаат м…е предавничко“.
ЦИВИЛ Центар за слобода го осудува говорот на омраза, и ги повикува надлежните институции веднаш да реагираат и да ги санкционираат тие што шират говор на омрза.
Д.М.
This post is also available in: English