Говор на омраза кон Бленди Ходаи, претседател на Сојузот на средношколци, кој е еден од иницијаторите на закажаниот протест кој треба да се одржи на 31 август. Повикот за средношколскиот протест на Фејсбук страната е напишан и на македонски и на албански јазик, меѓутоа на дел од средношколците им пречи што е напишано и на албански јазик.
Ходаи, недоличните пораки ги објави на својот Фејсбук профил и напишал: „Вистинските индијанци излегуваат на површина. Ние ќе го излечиме незнаењето со толеранција и разбирање“.
ЦИВИЛ Центар за слобода го осудува говорот на омраза и бара од надлежните институции веднаш да реагираат, бидејки заканувачката порака „Ќе се видиме надвор Баки“ е доволна и речиси најчеста причина за делата од омраза каде во највисок процент се и жртви и сторители, токму младите луѓе!
Д. М.