Твитер профилот @DenicaMMM (очигледно лажен профил) е преполн со твитови со експлицитен говор на омраза, високо изразен национализам и поттикнува нетрпение од сите форми.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, меѓу другите твитови со срамни содржини забележува дека овој лажен профил (бот) се бави и со етничкото потекло составот на тимовите на организацијата.
ЦИВИЛ, како организација за човекови права, во своето долгогодишно работење секогаш е отворена за сите што имаат отворен ум, активистички дух, неприкосновени пред предрасуди, борци за правда и права, а тоа се гледа и од богатсвото од разновидост од идеи, активизам, работа, посветеност и човечност кај своите безбројни членови, внатрешни и надворешни, како што впрочем може да се види од најуспешниот спој на различностите во едно место, во нашата земја.
Ваквите шовинистички шкрабања со очигледна намера за дискредитација и омаловажување по етничка основа, се неприфатливи во ниту еден дел од организацијата.
ЦИВИЛ бара од надлежните институции, особено од Министерството за внатрешни работи да преземат итни чекори за разоткривање на овој лажен профил и да го санкционираат согласно законот, бидејќи говорот на омраза не смее да помине неказнето. И не само овој профил, туку сите профили кои шират говор на омраза на социјалните мрежи, кои можат да поттикнат нетрпеливост и насилство.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ