Претставничка на здружението „Од нас за нас“ кое шири лажни вести, креира паника и го демонизира сеопфатното сексуално образование е Гордана Гоџо, пишува активистката Ирена Цветковиќ на Фејсбук.
„Гоџо пред да реши да ни го оправа образованието, се бавеше со наводната лажна пандемија, 5 г, антиваксерство и слични теории на заговор. Окако ја реши „пЛандемијата“ како што ја нарекува, откако ја откри заверата зад 5г антените и откако ја „демаскира“ најголемата цивилизациска придобивка во јавното здравство- имунизацијата, прејде кон следната цел- да ни го оправа образованието. Алал на сите универзитетски професори и самонаречени интелектуалци кои ѝ се приклучија во намерата“, напиша Ирена Цветковиќ.
И новинарката Емилија Лазаревска сподели идентична информација.
Лазаревска во објавата напиша и дека Гоџо го заплашувала народот со „запрашување со алуминиум“ и чипирање.
извор: Фронтлајн