Ѓорчев дезинформира со стари вести

Пратеникот Влатко Ѓорчев на Фејсбук објави фотографија стара година и половина како да се работи за актуелна состојба.
Фотографијата се однесува на аерозагадувањето во Скопје и е извадена од видео на Европската агенција за животна средина, објавено во октомври 2018 година.

Во видеото се вели дека Македонија има најлош квалитет на воздухот во 2018 година, а не денеска.

Иако, аерозагадувањето е на високо ниво, сепак веста е стара и воопшто не соодветствува со актуелната состојба.

Понатаму во објавата, Ѓорчев се повикува и на извештајот на Транспаренси Интернешнал за корупцијата во земјата и Индексот на демократијата на Економист, кои ги толкува на нему својствен начин, покажувајќи една сосема поинаква слика од реалноста, за што веќе пишуваше нашиот колега Петрит Сарачини.