Мониторинг тим на ЦИВИЛ ги посети трите избирачки места 1959, 1960 и 1963 во Тетово кои на овие избори се преместени од објектот на Црвениот крст во ОУ “Гоце Делчев”.
На овие места излезеноста е околу 30% до 15:00 часот, но самите членови на Избирачките одбори информираа дека граѓаните се жалеле на ненавремено информирање.
Граѓани и граѓанки пријавија на тимот на Цивил дека во стариот објект кај што биле сместени минатите избори овие три избирачки места нема известување, ниту било каква информација дека избирачките места се преместени.
Гласачите се информирани преку роднини и други сограѓани, а многу од оние кои биле неинформирани се откажале од гласање во момент кога забележале дека во објектот на Црвениот Крст нема избирачки места.
ЦИВИЛ Тим за комуникации