Филипче: Ќе поднесам тужба против Миле Лефков, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, за изнесените лаги во врска со набавката на вакцините

 

„Со очјани и срамни лаги ВМРО-ДПМНЕ продоложува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат.

Институциите си започнаа постапки со кои ќе се докаже дека немално ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја напрви ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата.

Сепак, јас нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините.

Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици! Тоа не ви носи политички поени, а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“, нагласи Филипче.

Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска објави документ во кој обвини дека фирмата „Стабри интернешенал“ преку која Заев и Филипче сакале да книжат провизии од кинеските вакцини е регистрирана само 3 месеци по формирањето на владата на Зоран Заев во 2017 година.

„Ова се документи од Централниот регистар на Хонг Конг од кои се гледа дека таа е формирана на 22 септември 2017 година. На фантом фирмата „Стабри интернешенал“ според нашите документи и се префрлени 12.5 милиони долари за 200.000 вакцини, односно Заев и Филипче на оваа фирма и платиле 100 отсо повисока цена од највисоката цена за која се продавани кинеските вакцини. Имено додека цел свет купува кинески вакцини за максимум 30 долари Заев и Филипче платиле 62.5 евра. Или што би се рекло на струмички 30 за „Синофарм“, 30 за Вицето“, истакна Лефков.

Д.М.