Фестивалот на слободата што ЦИВИЛ финално го одржува утре, во Музеј на Град Скопје, по повод 10 декември, Ден на човековите права и одбележување на 20 годишнината на организацијата, започнува во 17:30 часот со активистичката фото изложба EXP(L)OSURE!.
EXP(L)OSURE! на публиката ќе и понуди бројни експонати и фотогорафии во различни формати со различни теми и настани како своевидни артефакти за активизмот и за настаните во кои ЦИВИЛ учествувал или ги организирал. Организаторите ќе постават и штанд за бесплатни примероци, дел од богатата издавачка продукција на ЦИВИЛ.
Фотографиите ќе ги престават активностите на граѓанските новинарки и новинари, бројните настани поврзани со нив и нивните стории и бурните настани забележани од тимот на ЦИВИЛ и бројните активисти низ годините. Овие фотографии се авторско дело на десетици граѓански новинарки и новинари, како и на тимот на ЦИВИЛ.
Сите граѓанки и граѓани се добредојдени да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права заедно со ЦИВИЛ: ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН, ИЗЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.
ЦИВИЛ тим за комуникации
Фестивалот на слободата е дел од проектот ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ, финансиран од National Endowment for Democracy.