Експлицитен говор на омраза кон ЛГБТИ заедницата во пресрет на парадата на гордоста

„Браво гордост татина и мамина… грдо племе ви е*** само машина за мелење месо побрзо да скапете“, е еден од коментарите со експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи кон ЛГБТИ заедницата во пресрет на парадата на гордоста која ќе се одржи викендов.

Енис Мемедовски е „загрижен“ за тоа „што држава станавме, дочекавме и пед****е да имаат свој ден“, додека Игор Миланов коментира дека „проблемот ќе се реши со една бомба“. Лицето Златко Златев вели дека „лекот“ е во стапот.

Столе Цветковки посакува да има коалиција со Русија за да има „право да ги запетепа тие двоцевкаши“. Додека Благоја Димитревски вели дека „не може“ слободно да прошета со децата и фамилијата, па поради тоа „посакува да ги попрска со бензин, живи да горат, семе да не остане од овие ѓубриња“.

Говорот на омраза се толерира од надлежните органи кои треба да го санкционираат. Често ваквиот експлицитен говор на омраза предизвикува да има и дела од омраза, односно да има и физички напади.

ЦИВИЛ повикува надлежните органи веднаш да почнат да ги санкционираат сите оние кои посакуваат различните од нив да ги „мелат“, „полијат со бензин“, „тепаат со стап“… Нашата држава е демократска и има обврска да ја гарантира слободата и безбедноста на секој/а граѓанин/ка. Секој/а има право на слободен избор.

Д.М.