Утрово во Кичево на влезовите на станбените објекти каде живеат, како што известува граѓанскиот новинар, претежно активисти и симпатизери на СДСМ, биле излепени етикети на кои се прикажуваат апоени од 50 денари со принт на двоглавиот орел.
Исти вакви флаери биле излепени и на зградата каде е сместен ОК на СДСМ. Како што известува граѓанскиот новинар, од членовите на СДСМ се прашуваат: „Дали вреди да се трошат пари за дополнително уривање на македонскиот дигнитет?“
Граѓанскиот новинар известува дека ова е активност на групи кои се дел од протестите во организација на „За заедничка Македонија“, кои тврдат дека, доколку СДСМ формира влада, знамето, грбот и македонската валута ќе подлежат на двојазичност.