„Како застапник на лицата со попреченост и на возрасен син кој има попреченост денес ќе прашам – Што е тоа човекови права? За овие 70 години од Декларацијата, годишно по еднаш да се размислеше на овие категории денес ќе ги надградувавме, а не да почнуваме од нула“, истакна Благица Димитровска од „Инклузива“, на отварањето на ЦИВИЛ Фест.
Таа додаде дека покрај Декларацијата, ОН донесоа уште шест документа, каде што во првиот се гарантираат политички права.
„Во нашиот Парламент нема лице со попреченост, но, нема ниту родител со лица со попреченост каде што директно ќе се залага за системски решенија. Лицата со попреченост се луѓе со исти права како сите останати“, потенцираше Димитровска.
Таа упати апел до институциите доколку носат некакви закони или преземаат некакви активности за лицата со попреченост, задолжително да ги вклучат и самите лица со попреченост.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Aриан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска