Имаше многу опструкции и обиди да се блокира пописот, пред се од политички и националистички наративи. Дури и еден парламентарец во едно телевизиско излагање истакна дека граѓаните на клоци ги дигаат попишувачите што тоа беше отворен повик на насилство, истакна Џабир Дерала од ЦИВИЛ на означувањето на официјалниот старт на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој ДЗС работи со Шведскиот завод за статистика.
„Ние како новинари и активисти се спротивставивме на лажните вести и дезинформациите кои беа поврзани со пописот. Организравме панел дискусии, објавувавме текстови, навремено ги информиравме граѓаните и ги разобличувавме дезинформациите се со цел граѓаните да бидат добро информирани“, истакна Дерала.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети