На крајот на панелот на тема „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“., што го организираше ЦИВИЛ како дел од проектот „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург, Џабир Дерала, ЦИВИЛ, го заокружи јавниот настан со порака до јавноста и институциите.
-Тоа што мислам дека од позиција на претставник на организацијата ЦИВИЛ, која постои дваесет и две години, мислам дека е многу важно да се разбере дека овие пораки, оваа тежина, во позитивна смисла и креативна смисла на зборот која ја носат македонските уметници, креатори на јавното мислење, академски граѓани итн., тие пораки што ги носат овие луѓе, кои се универзални, кои се општочовечки пораки, мора да допрат не само до праговите на институциите, туку треба да влезат внатре во институциите, да станат дел од политиките, од практиките на овие институции, кои понатаму ќе обезбедат простор и ќе им дадат правец на младите генерации. Знаеме дека во овој период, многу сериозни закани постојат во демократските процеси, во демократските институции. Уметниците се тие кои секојдневно се наоѓаат на екраните, секојдневно ги читаме на социјалните мрежи, секојдневно ги гледаме нивните креации, продуктите од нивното творештво, од нивните мисли…И се разбира, личниот пример е многу важен.
Да се вратам на мојата главна порака во овој дел, благодарам што ме поканивте да бидам дел од самото финале. Овие пораки на нашите уметници, мораат да го поминат прагот на институциите, и да станат суштински дел од политиките и практиките кои се водат на највисоко ниво, на национално, и на локално ниво.
Дијана Тахири
камера: Атанас Петровски
фотографија: Биљана Јордановска
реализација и монтажа: Ариан Мехмети