Дали им верувате на изборните резултати по скандалот со ДИК?

Ден после изборите, на 16 јули, ЦИВИЛ постави прашање на својата Фејсбук страница: Дали им верувате на изборните резултати по скандалот со ДИК?, на кое одговорија над 200 граѓан(к)и, a најголемиот дел од нив изразија недоверба во изборните резултати на ДИК.

 

Дел од коменарите на граѓаните се дека достојно отидоа да гласаат придржувајќи се до сите мерки и препораки, додека ДИК дозволи „вирус да влезе во нивниот систем“.

Граѓаните се револтирани на неодговорноста на ДИК, и на прашањето на ЦИВИЛ – Дали им верувате на изборните резултати по скандалот со ДИК?, една граѓанка коментира: „Вие се шалите со нас штом поставувате вакви прашања… при очи слепи нè прават, а ние треба да им веруваме“. Друг граѓанин коментира: „Не веруваме, треба гласачките ливчиеа да се пребројат рачно, ако треба и дополнителна контрола од народот по случаен избор“.

 

Државната изборна комисија пред два дена ги објави конечните официјални резултати. Останува отворено прашањето – Ќе одговара ли некој за овој пропуст?

Д.М.

Leave a reply