Видео од изјава на една од учесничките на протестот за чист воздух кој се одржа викендов во Градскиот парк во Скопје.
Говорничката е Италијанка која се омажила и живее во Скопје веќе 12 години, каде како последица од загадениот воздух и е диагностицирана бронхоекстазија.
„Јас веќе четири години секој ден се борам да го исфрлам она што е веќе влезено во моите бели дробови. Тоа останува, нема врска што сега е пролет. Тука ми е! Јас го чувствувам! И боли! Боли кога кашлам, срцето ме боли! И тоа не е метафора“ вели таа.
Вулнет Махмути