За проектот „Скопје 2014“ не важат препораките од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, градежните работници да не работат на високите температури.
Граѓанскиот новинар, Вулнет Махмути, ни испрати фотографии каде што се гледа дека градежните активности на „Панорамското тркало“ и таканаречена сува фонтана, на плоштадот Македонија, се одвиваат непрекинато и на речиси +40 Целзиусови степени.
„Еден од работниците кој го сретнав на терен, ми кажа дека мора да работи на пеколните температури, бидејќи има семејство кое чека храна од него“, додава Махмути.
Трудовиот инспекторат засега не превзема конкретни чекори за да ги заштити работниците да не работат на високите температури.
Фотографиите ги подготви и приложи нашиот соработник Вулнет Махмути, на 12 јули 2017.
This post is also available in: English