Бидете први што ќе објават за проблемите во општеството!

Доколку имате некаков проблем, доколку институциите се „глуви“ и „слепи“ за проблемите во вашата улица, маало или град... Доколку имате дилема, и сакате да го искажете своето негодување или барате одговор, тоа можете да го направите преку вашиот граѓански сајт „Граѓански објектив“.

Граѓанските новинарки и новинари се тие кои го менуваат светот и без страв известуваат и бараат одговори. Можете да снимате, фотографирате или известувате за неправилности, корупција во институциите, несодветно извршување на работните задачи на државните избраници, дупки на патиштата, социјални теми, говор на омраза или насилство на протести, спортски натпревари... кои потоа ќе бидат објавени на граѓанскиот сајт.

Прилозите во кои авторката/авторот сакаат да бидат анонимни, ќе бидат соодветно модификувани за да не го откријат нивниот идентитет. Но, мора да се запомни дека ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на автор(к)ите, како и на учесниците во настанот што се снима.

Д.Муратов

This post is also available in: Albanian