ЦИВИЛ – Центар за слобода ги додели наградите за граѓанските новинар(к)и за вториот циклус на проектот „Граѓански објектив“ во хотелот „Сити Парк“, во Скопје. Настанот го отвори уредникот на ЦИВИЛ Mедиа, Синиша Станковиќ. Наградите ги доделија Марија Теговска и Дехран Муратов, новинари во ЦИВИЛ Медиа.
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=CCPLcQ0c9wA[/youtube]
„Учеството на конкурсот „Биди граѓански новинар“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода е одлична прилика да се учествува во позитивни промени во македонското општество.
Задоволство е да се учествува во овој конкурс и е одлично искуство, потврдувам. Ги охрабрувам сите кои што имаат да кажат нешто, да откријат нешто, да посведочат нешто: неправилности, закани при гласање и било какви притисоци од сите сфери на животот, уцени за вработување, уцени за добивање на било какви права кои по закон им следуваат во оваа држава, а некој си зема за право да ги манипулира и да располага со нив и со нивната приватна сопственост, како што е наследство оставено од нивните родители, а не е така. Да излезат макар и анонимно, доколку се плашат за својата безбедност, за својата егзистенција, да посведочат за тоа... Затоа што само во тој случај, тие стануваат активисти, во градењето на послободна и понормална држава, која што не останува само за нас, тук, треба да остане и за генерациите по нас“, ни изјави Божидар Барлакоски, граѓански новинар кој ја освои втората награда на февруарскиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“.