ЦИВИЛ Млади ги праша граѓанките и граѓаните на Скопје – Што претставува за нив денот 29-ти ноември? Неколкумина граѓани се потсетија на деновите кога живееле во Југославија и дека тоа беа едни од најубавите денови.
„За мене значи Југославија“, „Моето детство, младост, убавина...“ „Денот на Република Југославија, односно на сите републики“, „Тоа беше нешто најубаво, што сега не може да се почувствува тоа“, „Тој ден беше прекрасен, штета што не се слави повеќе“... се само дел од одговорите на граѓан(к)ите.
Инаку, на 29 ноември во 1943 година, во Јајце, беше одржано второто заседание на АВНОЈ на коешто за претседател на државата беше избран Јосип Броз Тито, а се поставија и темелите на Демократска Федеративна Југославија. Две години подоцна, на истиот датум беше преименувана во Федеративна Народна Република Југославија, за подоцна да го добие конечното име, Социјалистичка Федеративна Република Југославија.