ЕУ Амбасадорот Семуел Жбогар го отвори ЦИВИЛ ФЕСТ, мултимедијален дводневен настан по повод Меѓународниот ден на човековите права. Жбогар ја поздрави иницијативата и му честита на ЦИВИЛ за одличната работа и придонесот кон човековите права во земјата. Тој во својот говор констатира позитивни промени во земјата, но и дека остануваат уште голем број предизвици.
ЦИВИЛ ФЕСТ е манифестација во рамките на проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.
Повеќе за ЦИВИЛ ФЕСТ на: https://civilmedia.mk/programa-na-tsi…
Камера: Атанас Петровски Монтажа: Ариан Мехмети