Во телевизиското дерби Заев версус Мицкоски на Канал 5 вечерва, Мицкоски, иако практично не одговори директно на ниедно прашање, побара повеќе одговори од својот ривал Заев. Едно од прашањата што веднаш му беше одговорено беше дали премиерот Заев ќе се согласи на предвремени парламентарни избори доколку претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изгуби на изборите.
Премиерот одговори дека е подготвен да оди на предвремени парламентарни избори во случај на изборен пораз на Пендаровски. Притоа, тој изјави и дека не е вистина тврдењето на Мицкоски дека неговата партија поднела иницијатива за предвремени избори.