Регионалниот семинар за транспарентни и одговорни политички процеси , во рамките на проектот „Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси“, што го организира ЦИВИЛ со поддршка од National Endowment for Democracy, ќе се одржи во Кавадарци, на 17 ноември.
Семинарите „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, се посветени на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси низ целата држава.
Право на учество имаат апликантите од општините во Вардарскиот регион: Велес, Лозово, Свети Николе, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и Чашка.
Откако ќе биде одобрена Вашата апликација, тимот на ЦИВИЛ ќе Ве контактира за логистички прашања и дополнителни информации.
Новата серија регионални семинари се во многу нешта различни од претходните триесетина вакви настани. Тие се уште подинамични и обработуваат богатство од теми што се соодветни на општествено-политичките состојби и процеси во земјата. Во секој случај, се работи за континуитет, бидејќи ЦИВИЛ останува и понатаму посветен на јакнење на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава.
Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy, што ЦИВИЛ го имплементира веќе петта година по ред.
Овие регионални семинари на ЦИВИЛ се одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат активно да се вклучат во општествениот живот како коректив на институциите и власта. Од активностите на учесниците и организаторите на семинарите ЦИВИЛ има богата архива од текстуални, видео и фото материјали.
Многумина што се повеќегодишни членови на проектните тимови на ЦИВИЛ, соработката ја започнале токму со учество на семинарите на ЦИВИЛ, затоа, повелете, придружете ни се во нашите активности!
ЦИВИЛ тим за комуникации