ЦИВИЛ го најавува третиот регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој ќе се одржи на 17 ноември во Кавадарци.
Овие регионални семинари на ЦИВИЛ се одлична можност за сите граѓанки и граѓани кои сакаат активно да се вклучат во општествениот живот како коректив на институциите и власта.
Право на учество имаат апликантите од општините во Вардарскиот регион: Велес, Лозово, Свети Николе, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и Чашка.
Откако ќе биде одобрена Вашата апликација, тимот на ЦИВИЛ ќе Ве контактира за логистички прашања и дополнителни информации.
Семинарите „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, се посветени на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава.
Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ тим за комуникации