Повик за учество на семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одговорни политички процеси

По првиот успешен регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој се одржа во Штип, ЦИВИЛ го најавува вториот регионален семинар за Пелагонискиот регион.

Семинарот ќе се одржи на 19 септември во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, со почеток од 10 часот.

Право на учество имаат апликантите од општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

Откако ќе биде одобрена Вашата апликација, тимот на ЦИВИЛ ќе Ве контактира за логистички прашања и дополнителни информации.

Семинарите „Граѓански објектив: Граѓан(к)ите учествуваат, набљудуваат и известуваат“, се посветени на граѓанското учество, активизмот и граѓанското новинарство со кои се промовираат транспарентни и одговорни политички процеси што ќе се одржуваат низ целата држава.

Семинарите се дел од проектот Граѓански објектив: Промовирање на транспарентни и одговорни политички процеси, финансиран од National Endowment for Democracy.

ЦИВИЛ - Тим за комуникации

This post is also available in: English