Таканаречената сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“ во Скопје, на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост не функционира, односно е раскопана, пишува анонимен граѓански новинар.
Фонтана е изградена пред четири години и чинеше речиси 2.5 милиони евра.
Пред две години, односно на 6 јуни 2017 година, додека течеа подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ на плоштадот Македонија, пропадна камион во т.н. сува фонтана.
Колку пари на граѓан(к)ите ќе бидат потрошени за поправка на фонтаната?!