Државната изборна комисија за секој изборен процес одредува упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 гласачи. Според Изборниот законик, член 166 став 1, односно избирачкото место по правило не смее да биде оддалечено повеќе од 3 км од најоддалечената адреса во градските населби и повеќе од 5 км во селските населби.
Набљудувач на ЦИВИЛ за време на првиот круг на претседателските избори во Чучер –Сандево, забележал дека сите 818 гласачи од соседното село Мирковци, нешто помалку од 2 километри, гласаат во училиштето. Самите жители велат дека нема потреба да одат 25 минути.
Револтираните граѓани изјавиле дека жителите, особено постарите, што немаат превозно средство не им се нафаќа да пешачат за да гласаат.
Еден од жителите изјавил: „Да сме паметни да не излезевме денес… Да им ги исфрлиме кутиите во долот, па да видат дали можат така со народот“.
Колку револтот е оправдан или не, можеби покажува и излезноста во тоа гласачко место е половина од вкупниот број на гласачи.
Дополнително прашање е зошто ДИК не е во можност да им обезбеди избирачко место во нивното село.
Од друга страна, не беше проблем да се обезбедат 30 милиони денари за гласање во странство каде своето право на глас го искористиле 832 гласачи од вкупно 1.781 пријавени гласачи.
ЦИВИЛ Тим за комуникации