Државната изборна комисија на денешната јавна седница ќе ги разгледува и одобрува поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи за претседателските избори од ИФЕС, државната комисија на Црна Гора и на граѓанската асоцијација МОСТ.На седницата ќе се одлучува и за изменување на Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2019 година, на Државната изборна комисија, по Програма 21 Изборни активности за спроведување на Изборите 2019 година.
Според Роковникот на ДИК за престојните избори, заврши рокот за собирање потписи за поддршка на листите за претседателски кандидати.
ДИК на седницава ќе даде информација за бројот на собрани потписи за поддршка на Листите за кандидати за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година;
Исто така, ќе даде информација за јавниот увид во Избирачкиот список, како и за пристигнати пријави за гласање од Дипломатско – конзуларните претставништва со пресек до 11.3.2019 година во 10:30 часот.