Диктатура и фашизам

Надоврзувајќи се на твитот на Филип Стојановски, за постот на Фејсбук страницата Фаланга за ширење на доброто, каде се повикува на поништување на изборите со неизегување на гласање, твитерчијата @mindplummer даде уште едно поедноствно, но реално и можно сценарио за самиот повик. „Мислам дека целта им е создавање на хаос, безредие, безвластие, повеќе отколку диктатура… Така ќе се создаде простор за „нови сили“, поддржани, најверојатно, од Русија“, коментира @mindplummer .

Filip Stojanovski@razvigor

Некој дава пари за на луѓето од нашата земја отворено да им се промовира концептот на диктатура како подобар од демократија. Бидејќи истите тие што бараа бојкот (освен Левица) се претставуваа како антикомунисти, претпоставувам дека формата на диктатура што ја спремаат е фашизам.

View image on Twitter

mindрluмbеr@mindplumber

Мислам дека целта им е создавање на хаос, безредие, безвластие, повеќе одошто диктатура.
Така, ќе се создаде простор за "нови сили", поддржани, најверојатно, од Русија

See mindрluмbеr's other Tweets

Твитерџијата Филип Стојановски, даде поинакво објаснување, дека самата страница на Фејсбук е спонзорирана, тогаш  очигледно  некој дава пари на луѓето отворено да им се промовира концептот на диктатура како подобар од демократија. И, како што вели Стојановски, најверојатно формата на диктатура што ја спремаат, тие што стојат зад Фалагата, е фашизам.

Б. Ј.