Одбележувањето на Денот на протестот и оваа година е во организација на ЦИВИЛ, како продолжение на иницијативата на фотографот Александар Кондев. Со видео проекција на фотографии и видео записи, музика и говори, настанот ќе започне во 14 часот кај Споменикот на загинатите војници 1991-1992, пред кафулето „Гарсон“. Присутните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да се потсетат на протестите во периодот 2014 – 2016 година, почнувајќи од студентските протести, движењето Протестирам/Protestoj, сѐ до Шарената револуција.
Минатата година, преку изложбата и перформансот „Протест(и)“ на Александар Кондев во соработка со ЦИВИЛ и дел од активистите на Шарената револуција, се роди идејата овој ден да се одбележува како ден на граѓанските протести, со што ќе им се оддаде признание на граѓанките и граѓанките што низ годините го креваа гласот во името на слободата, еднаковоста и правдата.
ЦИВИЛ ќе поднесе иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија да го прогласи 12 април за Ден на протестот, во чест на прогресивните, продемократски вредности за кои се залагаат огромен број граѓанки и граѓани во земјава.
Фотографии: Александар Кондев