Граѓанското новинарство и активизмот го менуваат светот, посветено и храбро, тие ги разобличуваат коруптивните и насилничките автократски режими ширум светот и повикуваат на демократски промени за кои ЦИВИЛ им дава особено значење.
Доколку сте сведоци на некаков проблем во вашата околина, доколку институциите се „глуви“ и „слепи“ за проблемите во вашата околина и сакате да побарате одговор од истите, тоа може да го направите преку граѓанскиот сајт „Граѓански објектив“.
Граѓанските новинар(к) се тие кои прават некаква промена, привлекуваат внимание и без страв известуваат и бараат одговори. Можете да снимате, фотографирате или известувате за неправилности, корупција во институциите, несодветно извршување на работните задачи на државните избраници, дупки на патиштата, социјални теми, говор на омраза или насилство на протести, спортски натпревари… кои потоа ќе бидат објавени на граѓанскиот сајт.
Доколку сакате да учествувате во некаква позитивна промена, може да фотографирате или да направите видео од проблемот со кој се соочуваат граѓан(к)ите, и да ги испратите до ЦИВИЛ.
Прилозите во кои авторката/авторот сакаат да бидат анонимни, ќе бидат соодветно модификувани за да не го откријат нивниот идентитет. Но, мора да се запомни дека ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на автор(к)ите, како и на учесниците во настанот што се снима.
По повод Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, ЦИВИЛ го организира ЦИВИЛ ФЕСТ, кој ќе се одржи на 10 и 11 декември, во МКЦ.
Фестивалскиот слоган е „Слобода, правда, еднаквост“ и е посветен е на граѓанското новинарство и активизмот.
На ЦИВИЛ Фест ќе се одржи и церемонија за доделување на награди за граѓанско новинарство, на најактивните граѓански активисти кои редовно испраќаат разни фотографии и видеа до ЦИВИЛ,
Во пресрет на ЦИВИЛ ФЕСТ, граѓанските новинарки и новинари се повикани да испраќаат свои прилози што ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ и ќе добијат можност да бидат добитници на вредни награди.
А. Петровска