Краток водич за граѓански новинар(к)и

(Nota bene, Ние сме медиумите, 2.дел)

Бидете свесни за ситуацијата, каде и да одите. Како што секогаш сте свесни дека можете да направите смешна фотографија или видео од себеси или вашите пријатели, исто така, можете да размислите како да снимите настани или ситуации што можат да придонесат за позитивна промена во заедницата во која живеете или во општеството воопшто. Некои основи правила треба да се усвојат и да се запомнат.

Ова претставува краток водич за граѓански новинари и за сите оние што се заинтересирани да прават фотографии и видеозаписи. Дури и најискусните професионалци прават грешки. Во овој дел ќе се обидеме да ги наведеме најважните правила и грешки што секогаш треба да ги имате предвид. Па да ги прескокнеме натамошните инструкции и веднаш да почнеме.

Кога сакате да направите фотографија или видео: Внесете се во ситуацијата. За нас, добра фотографија или видеозапис не значи техничка перфекција, туку добра тема и контекст. И ништо друго. Сосема јасни фотографии или видеа не мора да значат дека се секогаш најдобри. Меѓутоа, обидете се да го избегнете нередот во кадарот. Исфрлете го сето она од кадарот што не претставува дел од вашата информација или порака. Приближете се или зумирајте колку што е потребно или колку што ви дозволуваат перформансите на уредот. И не заборавајте: бидете безбедни!

Познавајте ја вашата камера

Битно е да знаете што можете да направите со вашиот уред, како и неговите ограничувања. Одвојте време за да се запознаете со перформансите на вашата камера (телефон) и за тоа како можете да ја користите за вашите активности како граѓански новинар.

Држете ја камерата /телефонот мирно

Битно е раката да ви е мирна, но никогаш не се откажувајте и да не е така. Можете да купите троногалка или „селфи-стапче“. Можете да користите и други работи за да не се тресе телефонот/камерата: ѕид, маса, ограда... стојте мирно, земете воздух и почнете да снимате. Важно е да се приберат информации, а не кадар со совршен квалитет.

Користете природна светлина

Избегнувајте да користите блиц. Блицот може да ги упропасти деталите и точноста што може да бидат значајни за вашата сторија. Исто така, блицот може да привлече внимание, што не ви е потребно за потребите на вашата активност. Но, користете блиц ако имате контрасветлина.

Правилото на третини

Правилото на третини ви помага правилно да го поставите кадарот. Снимката треба да си ја замислите како да е поделена на третини, така што ќе добиете девет идентични сегменти. Додека го снимате видеото или додека фотографирате, држете ги битните предмети покрај овие линии или во близина на пресеците на линиите. Кршење на правилото може, исто така, да донесе интересни резултати.

11 совети  што треба да ги запомните

Празна батерија

Проверете дали вашата батерија е секогаш наполнета. Наполнете ја батеријата на крајот на денот и започнете го денот со наполнети батерии. Екстерните батерии за полнење се практични. Но, и тие треба да се наполнат.

Полна мемориска картичка

Доколку е можно, празнете ја мемориската картичка секој ден. Можеби ќе треба да го сортирате материјалот секојдневно или колку што ќе биде неопходно. Пожелно е да имате резервна мемориска картичка.

Мешање на копчињата за снимање и за стенд бај

Ах! Да, тоа е истото копче. Значи, може да се случи да снимате кога не сакате, а да прекинете со снимање кога, всушност, треба да снимате. Тоа навистина е лапсус. Внимавајте секогаш да го имате притиснато копчето за вистинската намена. Не снимајте си ги чевлите, снимајте го настанот.

Прекумерен зум / пан

Секоја камера има ограничувања, особено оние на мобилните телефони. Не користете го зумот, особено кога фотографирате од далечина. Може да резултира со матна слика. Истото се случува и кога се користи пан. Прекумерниот пан може да ја уништи снимката, дури и да е направена со професионална камера.

Композиција

Има многу што да се каже за составот, но во оваа пригода, за почеток, доволно е да се запомни дека не треба да се остава премногу простор над или под предметот. Користете го Правилото на третини. Кога снимате настан, најдобро е предметите да ви се во третина на кадарот, или во и околу втората половина. Треба да е јасно што се случува.

Вклучување ефекти

Не вклучувајте никакви ефекти. Со ова може да се уништи и квалитетот и веродостојноста на тоа што го документирате.

Отпечаток на датум

Снимањето со отпечаток на датум на сликата/снимката е сосема непотребно. Секоја дигитална снимка има свои метаподатоци, вклучувајќи датум и време кога таа е направена.

Звук

Кога снимате надвор, ветрот може да го уништи звукот на вашата снимка. Обидете се да го заштитите микрофонот со вашето тело.

Бидете фокусирани

Може да се случи да ја пропуштите акцијата бидејќи снимавте нешто друго. Треба да бидете фокусирани на тоа што сакате да го документирате. Кога сте таму, настаните нема вас да ве чекаат. Секундите често многу значат.

Бидете активни

Бидете присутни со телото и со умот. Кога сте надвор, бидете подготвени да снимите видео или да направите фотографија за она што се случува околу вас. Откако ќе започнете да снимате со вашата камера, не исклучувајте ја веднаш по завршувањето на настанот. Понекогаш може да бидете многу задоволни од вашата снимка и веднаш по завршувањето на настанот да ја исклучите камерата. Тоа можеби е грешка. Оставете ја вашата камера активна барем уште неколку секунди. И размислите да направите уште неколку снимки наоколу.

Споделувајте

Не заборавајте да го дистрибуирате материјалот. Доколку заборавите да го споделите тоа што сте го документирале, тоа е исто како никогаш и да не сте го направиле тоа. Снимката треба да ја споделите веднаш штом е готова. Доколку сте имале некои сомнежи претходно, сега е едноставно: го имате проектот „Граѓански објектив“ на располагање.

This post is also available in: English