На веб страницата на Основното Училиште Блаже Конески во Велес, пишува дека училиштето работи во современ објект, и дека од своите почетоци па до денес учениците постигнуваат солидни резултати во своето работење, и дека имаат голем број доделени награди, признанија, трофеи, плакети и ред други награди.
Но кога врне, учениците пливаат внатре, вели нашиот граѓански новинар кој ни испрати фотографии од условите во училиштето во Велес.
Учениците за нашиот граѓански новинар изјавиле дека ова не е прв пат кога врне, да се наполни училиштето со вода, а вработените во училиштето ставаат кофи за да ја соберат водата.
В. М.