Неретко, на адресата на ЦИВИЛ се упатени оценки дека учеството на семинарите на ЦИВИЛ носи нови знаења, нови контакти и познанства, награди и можности за хонорарна соработка на проектите се само дел од придобивките. Организација во која луѓето размислуваат надвор од кутијата, вистински отворена кон нови луѓе и нови соработки, во која селекцијата е заснована врз квалитетот и интегритетот на луѓето, а не според нивната припадност по било која основа.
Семинарите на ЦИВИЛ се динамични и спартански, не се губи драгоценото време на луксуз и бесполезни и бескрајни предавања. На нив говорат луѓе со богато знаење и искуство, кои се посветени и искрени - го мислат и живеат тоа што го кажуваат. Знаењата што се стекнуваат се практични и применливи во најразлични области. Се создава простор за иновативни пристапи и надградување на знаењата. Многу учеснички и учесници на семинари или во други активности станале соработници и членови на проектните тимови на организацијата.
Меѓу најинтересните и многу посетените семинари на ЦИВИЛ се оние за граѓанско новинарство, во проектот „Граѓанско новинарство“.
Воедно, се добива шанса за вредни награди за граѓанско новинарство. До сега се доделени 65 награди за најдобрите и најхрабрите граѓански новинарки и новинари. Учесниците добиваат можност да учествуваат и во други проектни активности на ЦИВИЛ на хонорарна основа или како волонтери.
Тие што сакаат да дознаат како паметните и храбрите можат да бидат успешни и видливи, треба да се пријават ТУКА на регионалниот семинар за граѓанско новинарство кој го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Семинарот ќе се одржи во хотел Театар, Битола, на 3 февруари 2018 (сабота) од 11 до 17 часот.
Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општина Битола, Прилеп, Крушево и околните општини. Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е втор во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.
Пријавете се онлајн ТУКА или испратете основни податоци за вас на [email protected]. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.
Заинтересираните се повикани да останат во допир со содржините поврзани со проектот и да ја лајкнат Фејсбук страницата Граѓански новинари на Македонија.
Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно набљудување на состојбите на човековите права и слободи, а особено на практикувањето на власта. Овој проект веќе трета година ги поттикнува и развива граѓанското новинарство и слободата на изразувањето.
Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.
Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.
ЦИВИЛ неодамна ја објави втората публикација „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.
Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.
Биљана Јордановска